еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бројот на починати од Ковид-19 во Македонија над 2.000

Заклучно со вчерашните податоци кои ги соопшти Министерството за здравство, бројот на починати од Ковид-19 во Македонија ја надмина бројката од 2.000 и сега изнесува 2.023.

Вчера беа регистрирани рекордни 46 починати поради компликации од Ковид-19, што е најголема бројка на дневна основа од почетокот на пандемијата.

Податоците на Институтотот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 6. декември покажуваат дека од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=1.507) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 393,2/100.000 жители.

„Регистрирани се 1.245 смртни случаи кај лица од машки и 704 кај лица од женски пол.

Од починатите, кај 1.329 (68,2%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=1.018), дијабет (n=470) и белодробна болест (n=213).

Сто и десет (5,6%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а 1.839 (94,4%) починале за време на хоспитализација“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Велешанец се обидел да лиши од живот жена во полициска станица

Редакција

(ВИДЕО) 200 илјади знамиња, наместо луѓе за инагурацијата на Бајден

Редакција

Одложено судењето за убиствата и грабнувањата на Вања и Панче, обвинетиот Видевски се уште е на Клиниката за нефрологија

Редакција