еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Пуштени нови термини: Нема период во кој може да се задоцни со вакцинацијата против сезонски грип, тврдат епидемиолозите

Министерството за здравство информира дека од денеска се зголемува бројот на термини за вакцинација против сезонски грип.

Со новите термини вакцинацијата започна денеска во 14 часот во Здравствен дом Скопје, односно се одвива во шест поликлиники на територија на Скопје и тоа во поликлиниките: Ѓорче Петров, Букурешт, Чаир, Бит Пазар, Ченто и Јане Сандански.

Имунизацијата е со упатување од матичен лекар преку Мој термин во период од 14 до 19 часот.

„Мој термин утрово отвори 1.800 термини за Скопје за период од една недела, почнувајќи од денеска, петок, понеденик, вторник и среда, а попладнево ќе се пуштат уште дополнителни 1.080 термини за деновите – сабота, четврток и петок.

Во работните денови пунктовите за вакцинација работат до 19 часот, а во саботите од 8 до 14 часот. Вакцинација е бесплатна за следните дефинирани ризични групи: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и децата на возраст од 6 месеци до 5 години,“ се вели во соопштението.

Дистрибуцијата по останатите градови е во тек и граѓаните дополнително ќе бидат информирани за отворените термини за вакцинација.

„Според препораките од страна на епидемиолозите нема период во кој може да се задоцни со вакцинацијата. Добро е секој граѓанин да ја прими вакцината во било кој пердиод до започнување на пикот на сезоната на грип.

Порано пикот на сезоната бил во декември и јануари, а сега со временските промени пикот го очекуваме при крајот на месец јануари и почеток на февруари. Во однос на ова, според епидемиолозите никогаш не е доцна граѓаните да се заштитат од сезонскиот грип и да ја примат потребната вакцина,“ се додава во соопштението.

Од Министерство за здравство потенцираат дека во период на пандемија со Ковид-19, во која сите граѓани применуваат дополнителни заштитни мерки, најдобро е да се следат препораките за соодветна вакцинација, односно оние кои се веќе спроведени во пунктовите за вакцинација низ државата – организација на временската разлика наместо на 5, на 10 минути да се примаат граѓаните, со цел да се намали веројатноста на двојната зараза, како и другите дополнителни мерки за заштита на јавното здравје.

Оваа сезона се уште нема потврден случај за сезонски грип.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И денеска во жолта фаза: Сончево и многу топло со температура до 39 степени

Редакција

УХМР: Во петок и сабота зголемена облачност со услови за локален дожд

Редакција

(Фото) Поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов со семејна фотографија ја честиташе Новата година

Редакција