Министерката за образование и наука, Мила Царовска најави дека предметот историја ќе се спои во општествени науки, исто како што биологија и хемија се интегрираат во природни науки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Предметот историја за основно образование ќе се спои со општествени науки, најави Царовска
Реформите во образованието ќе започнат од основно, при што е предвидено повеќе време во училиште, помалку предмети, спојување на повеќе предмети во еден, повеќе интеракција помеѓу наставниците и учениците и помеѓу самите ученици.
Најавата предизика лавина од реакции на социјалните мрежи, а еве дел од твитовите:
Она коа ќе ги спојат Музичко и Ликовно. pic.twitter.com/kSxTqdRIEq
— Бапчо (@TheFitzzz) December 16, 2020
Шо имаше историја?
– Петка!
Кои биле Комитите?
– Навивачка група на Вардар!— Viko von Drom (@vikohyeah) December 16, 2020
-Шо имаше историја?
-Петка!
-Што е Стоби?
-Смоки!— МилаШила (@MilaShila9) December 16, 2020
Од сите потребни реформи во образованието и фаличната имплементација на кембриџ, нашиве ќе почнеле со историјата. Која случајност. pic.twitter.com/nf1S4mXJSM
— 100Le (@baljumbaljum) December 16, 2020
Ако се согласиме со Бугарија дека историјата ни почнува од 1945, учебникот ќе може да се испечати на флаер и да се дели по супермаркетите.
— И повторно пак (@Strastniot) December 16, 2020
Ако останеме без историја, ќе останеме и без географија.
— Миле Паника (@Mile_Panika) December 16, 2020