еМагазин
Image default
Локално

Притвор за три лица, истрага за речиси 100 килограми марихуана пронајдени во автомобил на автопатот Скопје – Велес

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица од Блаце осомничени за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Јавно обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопшти дека осомничените, на 15 декември, на автопатот Скопје-Велес, неовластено заради продажба пренесувале марихуана во количина од 99,95 килограми.

– Дрогата била сместена во девет црни најлонски вреќи во багажникот и на задните седишта од патнички автомобил бмв.Овластени полициски службеници ги сопреле на наплатна станица при што ја пронашле и ја одзеле марихуаната, се појаснува во соопштението.

Поради опасност од бегство, можност за влијание врз соизвршители заради попречување на истражната постапка и опасност да го повторат кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување на мерката притвор против тројцата осомничени.

Судијата го прифати предлогот и на осомничените, стои во соопштението, им определи притвор во траење од 30 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Бегајќи со „бмв“ полно со 100 килограми марихуана удрил полициско возило

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Божиќна пештера поставена на Плоштадот во Скопје, минувачите воодушевени

Редакција

(Видео) Новогодишна магија во Охрид

Редакција

Уставниот суд укина ДУП за атрактивен дел во општина Карпош

Редакција