еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во грчките учебници ПЈРМ се заменува со Северна Македонија

Со одлука потпишана од заменик – министерката за образование на Грција, Софиа Захараки, во грчките учебници за основно училиште треба да се направат корекции и терминот „ПЈРМ“ да се замени со „Северна Македонија“, јави дописничката на МИА од Атина.

Во циркуларното писмо од 16 декември 2020 година, кое го објавија грчките медиуми, а го пренесува МИА, пишува дека врз основа на соодветните одредби, „одлучено е да се коригира терминот „ПЈРМ“ во печатените и дигиталните изданија на учебниците за основно образование, согласно приложениот документ на Министерството за надворешни работи под бр.9382 / 15-2-2019 на тема: „Односите меѓу Грција и Република Северна Македонија – спроведување на Договорот од Преспа во врска со името и терминологијата на соседната земја“.

Корекциите треба да се направат во седум учебници, меѓу кои и учебниците по географија, по англиски и германски јазик, а одлуката е испратена до издавачките куќи надлежни за издавање на конкретните учебници.

На 16 декември 2020 година, како што вчера соопштија од македонското и грчкото МНР, се одржа и Шестиот состанок на Заедничкиот интередисциплинарен комитет (ЗИКЕ) за историски, археолошки и образовни прашања.

-Расправата се водеше во пријателска и позитивна атмосфера. Двете делегации извршија детална размена на мислења за програмите во образовните системи на двете земји, а во согласност со член 8 став 5 од Договорот од Преспа.

Двете страни се согласија нивниот следен состанок да го одржат во февруари 2021 година, пишува во заедничкото соопштение од двете Министерства за надворешни работи.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага за Лидија Димова и уште три лица

Редакција

АПЕЛ: Сите што биле во Банско во Бугарија, кое е во карантин, да се пријават кај надлежните

Редакција

48-годишен иселеник од Центар Жупа, татко на три деца, несреќно го загубил животот во Италија

Редакција