еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски не дојде да сведочи на судењето за „организаторите на настаните од 27 април“

Со сослушување на сведоци предложени од одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

Како сведок на денешното рочиште бил повикани и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но не беше присутен поради приватни причини.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ не беше дел од протестите „За заедничка Македонија“, рече Трајановски на судењето за “организаторите на настаните од 27 април“

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пресудата на 5 јуни: Конечно се одржаа завршните зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово

Редакција

(Фото) Македонската делегација предводена од Заев со владиниот авион пристигна во Атина

Редакција

Шпанскиот амбасадор Лоренцо: Ратификацијата на Протоколот за НАТО во Шпанија до 11 февруари тешко, но не и невозможно

Редакција