еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски повикан да сведочи и на следното рочиште за „организаторите на натаните од 27 април“

Судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година продолжува на 25 декември, откако на денешното рочиште беа сослушани повеќе сведоци предложени од одбраната.

На денешното рочиште, најмногу прашања одбраната имаше за сведокот Мирослав Котевски, вешто лице од областа на информатичката технологија, кој меѓу другото, претстави мапа на движење на Александар Василевски Нинџа на 27 април 2017 година.

На вкрстено прашање од обвинителката Вилма Русковска, дали вештачењето на доказите го правел врз база на скенирани докази, сведокот Мирослав Котевски рече да, по што обвинителката престана со прашања.

– Вештачење се прави врз база на оригинални докази, а не на фотокопии. Барам Судот, да не го земе во предвид вештачењето изработено врз база на фотокопии, изјави обвинителката Русковска.

Одбраната на тоа реагираше, дека вештачењето е правено врз основа на податоци добиени од Судот на хард диск, со податоци и докази од списите на овој предмет.

– За одбраната овие докази од операторите претставуват докази за кои судот смета дека се оригинал, изјави адвокатот Еленко Миланов.

На прашање од Судот дали ако се исклучени мобилните, тие се регистрираат на базна станица, сведокот рече дека во доказите нема таков податок и појасни дека во листинзите од операторите се нотираат само повици и настани кога се поврзува со базна станица.

Прашан од Судот дали може да се заклучи дека Александар Василевски Нинџа на 27 април 2017 година во попладневните часови постојано бил во централното градско подрачје, сведокот рече „да”.

Претходно на прашања од одбраната, сведокот Мирослав Котевски, вешто лице од областа на информатичката технологија, рече дека од вештачењето заклучил одредена неконзистентност на Јавното обвинителство (ЈО), односно утврдил 19 мобилни телефони за кои нема барање до операторите, а ги има во листинзите како докази.

Телеком операторите, посочи сведокот, не е јасно зошто електронските фајлови хлс ги предале отворени, не заштитени при пренос од кај нив до ЈО.

– Отворен документ значи дека секој има можност на нивна промена и обработка со алатки без да се остави дигитален отпечаток, изјави вештакот.

Претходно на денешното рочиште како сведоци на одбраната беа сослушани поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, кој од 2016-2017 година бил член на Извршен комитет и партиски координатор на неколку општини, како и сведокот Владимир Неловски, кој бил лидер на Унија на млади сили и член на Извршен комитет на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

За следното рочиште повторно се повикани повеќе сведоци од одбраната, меѓу кои и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русковска: Одбраната не успеа да докаже дека Нинџа не бил во седиштето на политичката партија

Судење за „организаторите на настаните од 27 април“: Нинџа не бил во ВМРО-ДПМНЕ во период пред насилството во Собрание, тврди одбраната

Мицкоски не дојде да сведочи на судењето за „организаторите на настаните од 27 април“

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За двајца се бара притвор: Петмина осомничени за предизвикување на пожарот кај Велес

Редакција

Пендаровски го потпиша Инструментот за пристапување кон НАТО

Редакција

Возачките дозволи ќе важат до 75 години, за преголема бучава ќе се одзема возилото

Редакција