еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Сите детали: Еднократна помош од 6.000 денари и за граѓаните со блокирани сметки

Ажурираната листа на корисници е објавена и поставени се сите категории на граѓани кои добиваат еднократна помош од 6.000 денари како мерка од 4-тиот пакет помош во време на пандемија со Ковид-19. Во тек е процесот на обработка на приговорите, соопшти Владата.

„Граѓаните се упатуваат да ја проверуваат веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk на која се ажурираат податоците така како што пристигнуваат од институциите во зависност од категориите на граѓани за кои се надлежни.

Оние граѓани коишто се со блокирани сметки, согласно законот, се прераспределуваат во банка која има техничка можност да ги исплати средствата на засебна сметка.

Владата на Република Северна Македонија стори сé да ги ослободи граѓаните од административни процедури со цел средствата да стигнат до сите на кои им се потребни во најбрз можен рок, а средствата да може да се користат за она за што на граѓаните им се најпотребни“, информираат од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Податоците ажурирани: Проверете дали сте добиле финансиска помош од Владата од 6.000 денари

Сите детали: Едонкратната помош од 6.000 денари ќе може да се користи и по 25 декември

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Угостителските услуги пораснале за 7,7%

Редакција

Субвенционирање на плати за уште 438 невработени лица

Редакција

Трошоците на живот пораснале за 2,1 отсто

Редакција