еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски ќе сведочи на судењето за „организаторите на 27 април“

Судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година продолжува денеска, а како сведок треба да се појави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На претходното рочиште на 22 декември како сведоци на одбраната беа сослушани поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, кој од 2016-2017 година бил член на Извршен комитет и партиски координатор на неколку општини, како и Владимир Неловски, кој бил лидер на Унија на млади сили и член на Извршен комитет на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спомениците на бугарските војници кај Кавадарци се целосно недопрени, објави бугарската национална телевизија БНТ

Редакција

Лавров ќе дојде во Скопје, ако Бугарија го отвори воздушниот простор

Редакција

Кој е Максим Ацевски, новиот главен државен ревизор

Редакција