еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 22 пациенти, а вкупно се лекуваат 448

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 22 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„Вкупно 448 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало  9 приеми и тоа по двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за дерматологија, на Клиниката за гастроентерохепатологија и на Клиниката за Нефрологија и тројца пациенти на Клиниката за Неврологија.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 нови приеми на пациенти.

На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 5 болни.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 29 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 21 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 36 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 27 пациенти, на Клиниката за очни болести 11 пациенти, а на ОРЛ 20 болен.

На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 105 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 132 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 44 пациенти,“ се вели во соопштението.

Вкупно 448 пациенти потврден и сомнителн за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ја поништува лустрацијата: Оштетените можат да тужат и да добијат надомест

Редакција

Само еден од седумте новопочинати без претходни заболувања, а истиот имал контакт со потврден случај

Редакција

ДИК ќе формира комисија за увид во избирачкиот материјал од гласачко место 543 во Дебар

Редакција