На 24.12.2020 во 18,25 часот во Охрид на улица „Железничка“, Е.Н.(45) од село Лабуништа, струшко управувајќи патничко моторно возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки удрил во И.У.(18) и малолетник од Охрид, информира МВР.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил И.У. и е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје.
На малолетникот му е укажана лекарска помош во болницата “Св. Еразмо” во Охрид. За настанот е известен јавен обвинител и извршен е увид на местото на настанот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.