еМагазин
Image default
Локално

Приведени лица и затворени угостителски објекти во Аеродром и Карпош кои работеле по дозволеното време

На 25.12.2020 во 18.55 часот на подрачје на Аеродором при извршена контрола на угостителски објект од полициски службеници на СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат, утврдено е дека објектот работи по дозволеното време и во него имало шест гости, при што околу 19.00 часот се лишени од слобода Б.Т.(60) и И.Д.(34) двајцата од Скопје, бидејќи истите не ги почитувале наредбите на полициските службеници да го напуштат објектот, информира МВР.

Приведена е и Л.М. (55), одговорно лице во објектот. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Истиот ден, од 18.00 до 22.00 часот на подрачје на Карпош при извршена контрола на угостителски објект од полициски службеници на СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат, констатирано е дека угостителскиот објект во сопственост на И.Ч.(26) од Скопје работи по дозволеното време и во него имало гости.

Објектот е времено затворен, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) На момчето што го фати крстот во Штип се обидоа да му го земат

Редакција

(Фото) Само во Македонија: Надгробна плоча стана „декор“ на улица во Ѓорче Петров

Редакција

Кичевчанец со закана со нож ограбил обложувалница

Редакција