еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МВР откри група што продавала лажни тестови за Ковид-19, приведени седум лица

Одделот за криминалистичка полиција во координација со Секторите за внатрешни работи Скопје, Битола, Тетово и Куманово денеска изврши претреси на 11 локации и приведе седум лица под сомнение за продажба на лажни ковид тестови.

Како што соопшти МВР, при претресите се одземени мобилни телефони, персонални компјутери, лап топ компјутери, мемориски картички, 118 бланко договори, 13 пополнети со различни податоци, четири негативни пцр тестови, печати, факсимил од австриски нотари друга документација.

По документирање на случајот, до надлежните обвинителства ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави по член 378 од Кривичниот законик за фалсификување на исправа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Нови урбани и рурални униформи за Единицата за специјални задачи на МВР

Редакција

66.8 милиони денари за плати и надоместоци за менаџментот на Гранит лани

Редакција

Изминатото деноноќие 385 казни за неносење маски

Редакција