Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 573 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот, информираат од Министерството за здравство.
“По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 41 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 31 пациенти, во Велес се лекуваат 30 болни, а во Куманово 90 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 70 во ковид центарот во Гостивар 37, а во Струга 36 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 52 пациент, во Кочани 15 во Кичево 10, Кавадарци 29, во Гевгелија 14 лица, а во Дебар 5 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 985 и има околу 320 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, велат од Министерството.
Фото: МЗ