еМагазин
Image default
Свет

Вакцината против Ковид-19 на кинеската „Синофарм“ е ефикасна 79%

Кинеската фармацевтска компанија Синофарм објави дека една од нејзините вакцини против Ковид-19 покажала ефикасност кај 79,34 проценти од оние кои биле во клиничките испитувања.

Тој процент е помал од американските конкуренти „Фајзер“ и „Модерна“. За споредба, Фајзер тврди дека нивната вакцина е ефикасна 95 отсто, а Модерна – 94,1 отсто.

Британската фармацевтска компанија „АстраЗенека“ објави дека вакцината, што ја разви заедно со Универзитетот во Оксфорд, покажала ефикасност кај 70 проценти од вакцинираните. Сепак, ефективноста може да достигне 100 проценти со две дози.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Највисоко предупредување на САД за своите граѓани кои се во Индија: Напуштете ја државата што поскоро

Редакција

(ВИДЕО) Масакaр во живо на турнир за видео игри во САД: Најмалку четворица мртви

Редакција

Кој е лидерот на платеничката група Вагнер, кој се осуди да го предизвика Путин

Редакција