еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Кој е лидерот на платеничката група Вагнер, кој се осуди да го предизвика Путин

Лидерот на платеничката руска група, „Вагнер“, Евгениј Пригожин вчера беше топ тема во светот, откако влезе во конфликт со руските власти и ја доведе Русија на ивица од граѓанска војна, најавувајќи поход на Москва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидерот на платеничката група „Вагнер“ заминува за Белорусија, во Русија прекината кривичната постапка против него

Ситуацијата ја смири белорускиот претседател Александар Лукашенко, Русија ја прекина кривичната постапка против него, а лидерот на „Вагнер„ за кој моментално не се знае каде е, ќе замине за Белорусија, најавија руските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лукашенко го запре походот на платеничката група „Вагнер“ на Москва

Кој е Пригожин

Како провокативен платеник и водач со склоност кон тролање на медиумите, Пригожин го предводеше учеството на приватната групација Вагнер во руската агресивна војна против Украина. Неговата историја со раководството во Москва датира со децении, пишува Политико во анализа за групата Вагнер и нејзниот лидер.

Групата Вагнер е организација на милитантни платеници кои работеле заедно со руската армија за време на инвазијата на земјата на Украина.

Групата Вагнер постои од 2014 година, кога избувна конфликт меѓу Украина и Русија за регионот на Крим. Пригожин на социјалните мрежи тогаш изјави дека се обидува да формира група од борци кои би можеле да ги бранат руските интереси во регионот.

Групата е поврзана со конфликти во Либија, Сирија и неколку други афрички земји.

Паравоената група забележаа раст за време на војната во Украина, со десетици илјади борци сега под нејзина контрола.

Како началник на групата Вагнер во текот на целиот конфликт, Пригожин често се конфронтираше со руските воени водачи. Тој објавуваше видеа кои се контрадикторни со рускиот наратив за непречена воена операција.

Тој често тврдеше дека неговите сили ја воделе борбата во Украина, додека ја доведува во прашање компетентноста на руската војска. Во мај, тој објави видео заедно со униформирани мртви тела, проколнувајќи ги водачите за недоволна подготвеност.

Рускиот претседател Владимир Путин и Пригожин се родени во ист град, Санкт Петербург (тогаш Ленинград). Додека Путин се издигна од инсајдер на КГБ до руски лидер, Пригожин отслужи децениска затворска казна почнувајќи од неговите тинејџерски години, пред да започне со штанд за хот-дог, наведува Политико.

Тој брзо почна да има влијание во угостителската индустрија пред да го привлече вниманието на Путин. Во времето кога Путин беше во највисоките ешалони на руската влада, Пригожин помагаше во сервирањето на неговите државни вечери – како онаа одржана во 2006 година со тогашниот претседател Џорџ В. Буш – што му го донесе прекарот „готвач на Путин“.

Путин му помогна на Пригожин да отвори фабрика за училишни ручеци со дарежливи заеми финансирани од државата. Пригожин, исто така, поседуваше барем дел од Конкорд Менаџмент и консалтинг, фирмата за која претставниците на Министерството за правда се сомневаа дека ги финансирала операциите за подршка на Доналд Трамп за време на изборите во 2016 година.

Во декември, САД објави дека групата Вагнер има околу 50.000 персонал во Украина – околу 10.000 со договор и 40.000 осуденици од руските затвори, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби.

Потегот на Пригожин ја ослабува моќта и силата на Путин

Во воениот фронт веќе обележан со конфузија и лошо управување, вртењето на Вагнер кон руското воено раководство предизвикува уште дополнителни проблеми за воените напори на земјата.

Овој потег може да влијае и на силата на режимот на Путин дома во однос на јавната поддршка за воените напори. Мобилизацијата на стотици илјади млади мажи беше силно критикувана од почетокот на војната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Драматични сцени од рускиот град Ростов, кој го освоија припадниците на „Вагнер“ откако влегоа во конфликт со Москва

(Видео) Евакуација на дел од населението во Москва, се затвораат трговски центри, музеи..

(Видео) Русија пред граѓанска војна: Москва влезе во конфликт со платеничката група Вагнер

МИА/еМагазин/Политико/Фото: Пригожин/Телеграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шефот на израелското воено разузнавање поднесе оставка

Редакција

Нови 113 заболени од корона вирусот од 1.543 тестирања, најмногу во Скопје и во Штип

Редакција

Пет хеликоптери го гасат пожарот кај Пехчево

Редакција