еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Лидерот на платеничката група „Вагнер“ заминува за Белорусија, во Русија прекината кривичната постапка против него

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека е прекината кривичната постапка против лидерот на платеничката група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, што вчера ја отвори руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) поради повикување на вооружен бунт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е лидерот на платеничката група Вагнер, кој се осуди да го предизвика Путин

Откако белорускиот претседател Александар Лукашенко постигна договор со Пригожин за прекин на вооружениот бунт, Песков изјави дека Пригожин ќе замине во Белорусија.

Портпаролот на Кремљ додаде дека во моментов не знае каде е шефот на „Вагнер“.

Според Песков, самиот Лукашенко предложил да разговараат со Пригожин, бидејќи се познаваат долго време.

Портпаролот на Кремљ, исто така, кажа дека сите „вагнеровци“ кои одбиле да тргнат кон Москва со Пригожин ќе можат да потпишат договори со Министерството за одбрана на Руската Федерација, како и дека државата нема да ги гони заради нивните заслуги за време на Специјалната воена операција во Украина.

-Тоа што се случи нема да влијае на Специјалната воена операција, таа продолжува според планираното, рече Песков.

Бидејќи кадровските промени во Министерството за одбрана беа едно од барањата на Пригожин, Песков рече дека тоа прашање е во надлежност на претседателот на Руската Федерација и дека за нив не може да се разговара за време на преговорите Лукашенко-Пригожин.

Песков рече и дека Путин има целосна доверба во министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лукашенко го запре походот на платеничката група „Вагнер“ на Москва

(Видео) Драматични сцени од рускиот град Ростов, кој го освоија припадниците на „Вагнер“ откако влегоа во конфликт со Москва

(Видео) Русија пред граѓанска војна: Москва влезе во конфликт со платеничката група Вагнер

МИА/Фото: Телеграм/Пригожин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Шлаканица“ за Каракачанов: Убаво е чувството кога Заев и Мицкоски заеднички ја бранат Македонија

Редакција

На актуелните им истекува мандатот во февруари, Ивановска бара навреме да се изберат новите членови на Антикорупциска

Редакција

Без резултат, но во позитивна атмосфера поминала новата средба на македонско-бугарската Комисија за историски прашања, вели Ѓоргиев

Редакција