Македонската берза во 2020 година оствари вкупен промет од 132,8 милиони евра, што е зголемување од над 6 отсто во однос на минатата година, соопшти главниот извршен директор на берзата, Иван Штериев во своето видео-обраќање по повод Новата година.
Тој информира дека најбитниот статистички показател – прометот со акции во Бест-системот изнесува над 92 милиони евра, што е пораст од 48 отсто во однос на лани и претставува рекорд во последната деценија.
Видео: Youtube/Македонска берза
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.