еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Драстичен раст на добивката на Витаминка

Во првите шест месеци од годината Витаминка АД Прилеп оствари оствари добивка од 45.787 илјади денари, покажува неревидираниот Билан на успех на компанијата објавен преку Македонската берза.

Лани во истиот период компанијата имала добивка од 15.554 илјади денари.

„Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – јуни 2018 година изнесуваат 954.378 илјади денари и во споредба со остварените во 2017 година за истиот период бележат пораст од 14 %.

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99 %, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2017 година бележат пораст од 15%.

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари- јуни 2018 година изнесуваат 940.280 илјади денари и во споредба со остварените во 2017 година бележат раст од 16%. Растот на вкупните расходи е во корелација со работењето во 2018 година за извештајниот период“, велат од компанијата.

Фото: Витаминка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Оилко“ оствари добивка од 75 милиони денари за девет месеци

Редакција

Директорот на ДЗС, Симовски тврди дека податоците кои се собрани со пописот се точни

Редакција

Убава вест: 284 оздравени од Ковид-19

Редакција