еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Какви се цените за користење на воениот полигон во Криволак

Деновиве воениот полигон Криволак за првпат беше користен од страна на хеликоптерски единици за копнена поддршка на САД, откако неодамна беше сертифициран од страна на 7-мата Команда за обука на копнени сили на САД во Европа.

Криволак важи за еден од најдобрите полигони во Југоисточна Европа, а еМагазин открива детали од ценовникот за негово користење.

Цени за сместување

Во Криволак има неколку типови на сместување: капацитети од тврда градба, ги има 465, континјер, ги има 388, бунгалови, ги има 70 и места за шатори, ги има 2.700.

Цените за сместување на странците се движат од 900 денари за апартмани од тврда градба на ден, 450 денари во соба од тврда градба и 180 денари за сместување во монтажен контијер.

Финалните цени зависат од тоа дали заедно со услугата за сместување се користат и други услуги, како на пр. храна.

Цени за користење на стрелишта

Криволак има 10 стрелишта, на кои истовремено можат да вежбат 2.000 лица.

За користење на стрелиште странците плаќаат 300.000 денари на ден или 50.000 денари за час.

Цени за користење на вежбалишта

Полигонот располага со осум типови на вежбалишта за различни типови на вежби во урбани или селски услови.

За користење на вежбалиште странците плаќаат 180.000 денари за ден или 30.000 денари за час.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градоначалникот на Арачиново раскажа кој го натепа

Редакција

Тендер „тежок“ 10,7 милиони евра: Министерството за здравство купува вакцини

Редакција

Почист воздух можеби ќе дишеме за 2 години

Редакција