еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Партијата на Еди Рама победи на локалните избори во Албанија

Според првичните нецелосни резултати албанските социјалисти на премиерот Еди Рама се победници на вчера спроведените локални избори.

Од досега преброените гласови во 44 општини, кандидатите на Социјалистичката партија за градоначалници победија во 37, додека во шест општини кандидати на опозициската изборна коалиција „Заедно победуваме“. Во општина Финиќ победи кандидатот на партијата на грчкото калцинство, МЕГА.

Социјалистите победија и во општини кои до сега се сметаа за бастион на демократите.

Продолжува пребројувањето во преостанати, од вкупно 61 општина, при што во повеќето од нив во предност се кандидатите на Социјалситичката партија. Така, со дури 30 илјади гласови во предност е нивниот кандидат за градоначалник на Тирана, Ерион Велиај, кој довербата ја бара по третпат.

Мнозинство социјалистите обезбедија и во Советите на општините.

Партискиот лидеер и актуелен премиер, Рама уште синоќа, по затрвораето на гласачките места објави на Фејсбук дека неговата партија е „победник во 50 општини, а за 11 се уште не се знае“.

Според претседателот на Централната изборна комисија, Илириан Целибаши, официјалните резултати од вчерашните избори, се очекува да бидат соопштени до крајот на денов.

На минататите избори, кои здружената опозиција ги бојкотираше, социјалистите застанаа на чело на 60 општини, освен општина Финиќ, каде и тогаш победи кандидатот на партијата МЕГА.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 8.062: Од Ковид-19 починале 3 лица, дополнително пријавени уште 4

Редакција

Повремени врнежи од дожд од петок, потопло време за викендот

Редакција

Бизнисменот Стајиќ на Фејсбук објави дека бил рекетиран, случајот ќе го пријави во Обвинителство

Редакција