еМагазин
Image default
Локално

Починатиот маж најден во Вардар најверојатно е застрелан

Идентитетот на мажот, чие безживотно тело беше извлечено од Вардар кај гостиварското село Чегране уште е непознат. По првичните сознанија од увидот на јавниот обвинител, тој бил застрелан.

Од јавното обвинителство Гостивар, информираат дека бил извршен увид на лице место откако во водите на реката Вардар беше пронајдено безживотно тело на маж на возраст меѓу 30 и 40 години.

Првичните сознанија упатуваат дека станува збор за насилна смрт предизвикана од истрели од огнено оружје.

Јавниот обвинител издал наредба за обдукција на телото и се работи на утврдување на причините за смртта како и идентификација на жртвата.

Завчера попладне, жител на селото, забележал тело на човек под мостот кое било во фаза на распаѓање, по што го пријавил случајот во полиција.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тело на маж извлечено од водите на Вардар кај Чегране

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Велес на улица пронајдена мртва 71-годишна жена

Редакција

Поранешна службеничка на полицијата пронајдена мртва во стан во Охрид

Редакција

Жена починала откако паднала од надвозник на скопската обиколница, се утврдуваат причините за несреќата

Редакција