еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР потврди: Македонска дипломатка во ОН пронајдена мртва во стан во Њујорк

Дипломатка од македонската мисија во ОН синоќа била пронајдена мртва во нејзиниот стан во Менхетн во Њујорк, потврдија од Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.

„Од Постојаната Мисија на Република Северна Македонија при ОН во Њујорк пристигна жална вест која нѐ потресе сите, за трагично загубен животот на член на нашата мисија, дипломат од кариера во Министерството за надворешни работи.

Во оваа прилика сакаме да изразиме длабоко сочувство до семејство и најблиските, и во име на сите колеги од Министерството за надворешни работи кои изгубија близок пријател и долгогодишен вреден и посветен претставник на дипломатијата“, соопштија од МНР.

Од Министерството информираат дека се во постојана комуникација со надлежните институции во САД за сите детали околу трагичниот настан.

Медиуми во Њујорк јавија дека дипломатката во мисијата на ОН била пронајдена мртва во својот стан на Менхетен со ремен околу вратот и две испразнети шишенца со антидепресиви.

Според соопштението на полицијата, немало никакви знаци на насилство.

МИА/Њујорк пост

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинетите од ,,Монструм” ќе вршат увид во извештајот на МВР за запленетите телефони

Редакција

Топ пет компании кои се „израдуваа“ на милионски буџетски исплати во ноември

Редакција

Искрено сочувство до семејствата на загинатите кај Карпалак

Редакција