еМагазин
Image default
Балкан

Градоначалникот на Петриња разочаран од државната помош: „Преспав и решив да не ја земеме“

Градоначалникот на хрватскиот град Петриња, Даринко Думбовиќ најави дека ќе ја врати државната помош доделена за неговиот град којшто неодамна беше погоден од силен земјотрес, бидејќи таа не се дели по зацртани критериуми туку според политичката определба.

„Преспав и решив. Нема да ги земам 30-те милиони куни кои жупанот Иво Жиниќ, од вкупно 100 милиони за подрачјата погодени од потресот, ѝ ги додели за Петриња. Ако Владата сака да им помогне на жителите на Петриња, нека ни даде помоштa директно и тоа врз основа на стручни проценки“, изјави Думбовиќ за „Јутарњи лист“.

Тој информира дека во Петриња нема струја ни вода, објектите се несигурни и дека некои од нив ќе мора да се срушат.

„Во градот нема ниту една институција што е цела. Останавме без струја, вода, се тресе, паѓаат цигли. Најмногу се плашам дека уште некој од луѓето ќе настрада. Ни требаа дваесет години да го обновиме градот, а сега мора да урнеме две училишта, Катастарот, Судот, Поранешната пошта, целиот центар“, вели Думбовиќ.

Според него, помошта не се дели праведно, според штетите и потребите, туку по политички клуч.

„Петриња има 24.000 жители, а Глина нема повеќе од 2.000 – со околинните села 9.000. Ако од 100 милиони куни на Петриња ѝ дадеш 30 милиони, а на Глина 25, тогаш некој треба да ми објасни по кој клуч се делат парите, ако не по политички“, рече Думбовиќ.

Потоа тој во изјава за „Н1“ објасни дека не рекол дека ја вратил помошта, туку дека таква помош не им е потребна. Думбовиќ вели дека сотојбата е катастрофална и дека им е потребна поголема помош веднаш, не само од држвата, туку и од Европа.

Фото: Н1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Фатен моментот на силниот земјотрес во Петриња

(ВИДЕО) Потресна снимка од спасување момче во Петриња

(ВИДЕО) По земјотресот во Хрватска: Земјата се отвори во селата Палањек и Тишина, тлото стана течно

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рама: Од ЕУ ќе побараме одвојување од Македонија

Редакција

Мицотакис: Јас никогаш нема да кажам добредојде за Македонецот премиер на земјата

Редакција

Во Албанија ќе се носат маски и на отворено, казната за неносење ќе се внесуваат во сметките за струја

Редакција