еМагазин
Image default
Балкан

Мицотакис: Јас никогаш нема да кажам добредојде за Македонецот премиер на земјата

Лидерот на најголемата грчка опозициска партија, Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, во неговиот говор, за време на расправата за ратификација на пристапниот Протокол за членство на Македонија во НАТО, повторно се осврна на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, за кои рече дека владата ги признала за соседите, истакна дека правно се обврзани „да ги нарекуваме соседите, Македонци“.

– Јас никогаш нема да кажам добредојде за Македонецот премиер на земјата. Очекувам Вие да го кажете тоа, господине Ципрас. И очекувам господинот Апостолакис, да ѝ посака добредојде во Грција на македонската војска кога ќе имаат заеднички вежби со грчката војска. Ова го имате потпишано, рече Мицотакис и уште еднаш го повтори неговиот став дека Нова демократија нема да го напушти правото за вето за интеграција во Европската унија.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Балканот доби нова држава“: Реакции во регионот по ратификацијата на Протоколот за членство на Македонија во НАТО во Грција

По ратификацијата на Протоколот во грчкиот Парламент: За неполна недела Македонија ќе стане Северна Македонија

Грција прва го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Снимка од педофил како мами девојче во Нови Пазар го шокираше регионот

Редакција

Што пишуваат грчките медиуми за посетата на Ципрас

Редакција

(ВИДЕО) Ципрас стана магионичар

Редакција