еМагазин
Image default
Балкан

Хрватска прогласи состојба на катастрофа во две жупании поради земјотресите кои никако не престануваат да го тресат тлото

Хрватската Влада на денешната седница прогласи состојба на катастрофа во Сисачко-мославинската и Загребската жупанија, кои во вторникот беа погодени од силен земјотрес.

Состојбата на катастрофа ја прогласи премиерот Андреј Пленковиќ врз основа на информации за големината на штетата предизвикана од земјотресот.

Пленковиќ потсети дека денеска е точно една недела од првиот земјотрес што го погоди округот Сисак-Мославина и шест дена од разорниот земјотрес од 6,2 степени во кој животот го загубија седум лица.

Тој порача дека никој нема да остане сам во оваа катастрофа и дека државата ќе им даде помош и на помалите места.

Формиран е и штаб за справување со ситуацијата во разорената област, предводен од вицепремиерот и министер за одбрана, Томо Медвед.

Седницата започна со едноминутно молчење за осумте девојчиња и момчиња кои починаа на новогодишната ноќ во Посушје во БиХ, од труење со гас.

МИА/Фото: Црвен Крст на Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Не го пуштиле во шорцеви, па се вратил облечен во фустан: Босанец хит на социјалните мрежи

Редакција

Над 10.000 случаи на Ковид-19 во Грција во изминатите 24 часа

Редакција

(Видео) Хаос во Будва: Специјалци го уапсија градоначалникот и уште неколку локални функционери

Редакција