еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Утврдена листата на кандидати за членови на ДИК, Насер Зибери предложен за народен правобранител

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница ја утврди листата на пријавени кандидати за избор на претседател и членови на Државната изборна комисија (ДИК), а на предлог на ДУИ, Насер Зибер со седум гласа „за“ е утврден за предлог-кандидат за народен правобранител.

Oгласот за членови на ДИК заврши, а до Комисијата се пристигнати пријави од 14 кандидати меѓу кои има и поранешни и актуелни членови, но и вработени во службите во Комисијата и правници.

Мандатот на актуелниот состав на ДИК завршува на 15 јануари. Досега само ВМРО-ДПМНЕ ја потврди поддршката за Александар Даштевски за претседател на ДИК.

Според процедурата, откако денеска Комисијата за прашања на избори и именувања ќе ја утврди листата на кандидати, ја испраќа до претседателот на Собранието Талат Џафери, кој пак во рок од три дена ја препраќа до партиите кои треба да се изјаснат кои кандидати ги поддржуваат за членови на највисокото изборно тело во државата.

Листата со поддржани кандидати се доставува назад до Комисијата за прашања на избори и именувања, која ја утврдува и потоа таа се доставуваа до пленумот кој треба да гласа. Рок за одговор од партиите нема, но постапката, според досегашите искуства, може да заврши во рок од еден ден.

На огласот за народен правобранител, што беше распишан на крајот на ноември, пристигнале четири кандидатури.

Пратеничката од ДУИ Теута Биљали Зендели на седницата предложи Насер Зибери да биде утврден како кандидат на Комисијата за народен правобранител.

На ова реагираше пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива.

Сурија Рушити од Алијанса на Албанците седницата побара да биде прекината постапката за избор на народен правобранител и да се разговара за друг кандидат, кој би бил предложен од партиите во опозиција на Албанците.

Од АА и Алтернатива велат дека на Зибери му била ветена оваа фунција уште пред изборите, кога се нафатил да биде премиерски кадидат на ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Александар Даштевски е предлог на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Државната изборна комисија

МИА/Фото: ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Славче Таневски, македонскиот дизајнер за автомобили, премиерно во Женева го претстави своето ново дело

Редакција

Убава вест: 224 излекувани од коронавирусот во Македонија, нов раст

Редакција

Досега попишани 45.755 граѓани во дијаспората

Редакција