еМагазин
Image default
Македонија

Следно рочиште за „Монструм” закажано на 21 јануари

Следното рочиште за случајот “Монструм” е закажено на 21 јануари.

На денешното рочиште за овој случај беше доставен извештај на МВР за анализата на конфискуваните мобилни телефони.

Случајот “Монструм” го води судијата Огнен Ставрев, додека застапници на обвинението се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

За петкратното убиство кај Смилковско Езеро во април 2012 година се обвинети Халил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се недостапни на органите за правда, како и Фејзи и Хаки Азири, Агим Исмаиловиќ и Сами Лута.

Судењето за овој случај со одлука Врховен суд на РСМ во 2017 година е вратен на повторно одлучување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинетите од „Монструм” ќе вршат увид во извештајот на МВР за запленетите телефони

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поразителни резултати: Низок степен на образование во Македонија имаат 17,7% од лицата на возраст меѓу 25 и 34 години

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 920 пациенти болни и сомнителни на Ковид-19

Редакција

Дојави за бомби во вилата на претседателот, Железничката станица, Управен суд, музеи, трговски центри, хотели…

Редакција