еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Медицинската сестра Нашиде Емини од „ГОБ 8 Септември“ почина како последица од компликации со Ковид-19

Здружение на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАСС) информира дека уште една медицинска сестра го загуби животот како последица од компликации со Ковид-19.

„Почитувани членови со огромна жалост ви соопштуваме за прерано згаснатиот живот на уште една наша колешка, жртва на ковид пандемијата, сестра Нашиде Емини (Naside Emini 1961-2021) која долги години беше дел од одделението за дерматовенерологија во ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје.

Ведриот дух, топлината и хуманоста со која зрачеше, трудољубивоста и посветеноста на работата се карактеристиките по кои ќе ја паметат нејзините колешки и сите оние кои ја познаваа.

Унијата заедно со целото членство изразува длабоко сочувство до нејзиното семејство и нејзините најблиски,“ напишаа од Здружението на нивниот Фејсбук-профил.

Фото: Фејсбук/ЗМСТАСС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И по 22 години од масакрот кај Вејце загинатите бранители се уште немаат споменик

Редакција

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност

Редакција

Почина долгогодишниот директор и член на УО на НЛБ банка, Љубе Рајевски

Редакција