еМагазин
Балкан

За обнова на разурнатите градови во Хрватска досега собрани 1,5 милијарда евра

За обнова на хрватските градови погодени од  серијата земјотреси во декември и почетокот на овој месец досега се собрани околу 12 милијарди куни (околу 1,5 милијарда евра), изјави синоќа министерот за просторно планирање, градежништво и државен имот, Дарко Хорват.

Тој додаде дека владата за обнова на разурнатите градови се уште нема целосно обезбеден финансиски аранжман.

-Некои извори се знааат, за некои се уште се бориме. Собрани се околу 12 милијарди куни, и тоа преку Фондот за солидарност, преку заеми од Светска банка, преку буџетот, изјави Хорват за ХРТ.

Министерот додаде дека еден месец по катастрофата, што ја зафати Сисачко-Мославачката жупанија, Хрватска ќе има јасни правила на однесување за тоа како да ја организира обновата, пренесе „SeeBiz“.

МИА/Фото: Црвен крст на Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Негативниот ПЦР тест за влез во Грција, наместо од 5-годишна возраст, задолжителен за сите со наполнети 6 години: Ова се најновите правила

Редакција

Задолжителна вакцинација на здравствените работници планира Србија

Редакција

Хрватска воведе задолжителен 14-дневен карантин за македонските граѓани

Редакција