еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Директорот на ТИРЗ, Деспотовски незадоволен од платите на работниците во фабриките

Директорот на Дирекцијата за технолошко-развојни зони Јован Деспотовски не е задоволен од висината на платите што им се исплаќаат на вработените во зоните.

Нема да се даваат субвенции за да се поттикнат компаниите да ги зголемат платите, туку преку посебна програма за развој на вештини и продуктивност, ќе се поттикне здрав раст на платите.

– Апсолутно сум незадоволен, не само за нивото, туку и од фактот дека просечната плата во рамки на зоните е пониска во однос на просечната плата во рамки во македонската економија.

Искрен да бидам за мене беше изненадувачки во негативна смисла тоа што технолошко напредни компании исплаќаат пониски плати во однос на останатите во рамки на економијата, истакна Деспотовски на денешната прес-конференција во Владата.

Одговарајќи на новинарски прашања, Деспотовски рече дека нема да се даваат субвенции за да се поттикнат компаниите во зоните да ги зголемат платите, туку преку програмата за специфични активности за развој на вештини ќе се поттикнува продуктивноста со што ќе се направи позитивен притисок врз компаниите да ги зголемат платите.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Катастрофални податоци за децата во државата: 28 отсто од сите деца во земјата живеат во сиромаштија

Редакција

Акцијата за наплата на долговите за вода на рати без камата, трае уште еден месец

Редакција

И парното ќе поскапи, за колку ќе се знае утре

Редакција