еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

ЕУ нема конкретен одговор кога ќе пристигнат ветените вакцини на Западен Балкан

Потпретседателот на Европската Комисија, Марош Шефчович, не беше во можност да каже кога Северна Македонија и другите земји во регионот ќе ги добијат вакцините против Ковид-19 ветени од ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Шефчович повтори дека Европската Комисија и земјите членки го “поддржуваат“ и “стојат во солидарност“ со Западниот Балкан, како и со другите земји од источното и јужното соседство на ЕУ, во борбата против вирусот.

Потпретседателот меѓутоа не беше во можност да одговори јасно на прашањето на МИА кога Северна Македонија ќе ги добие вакцините, ниту зошто не се пристигнати ветените дози од Грција и Бугарија.

Денеска министрите за европски прашања одржаа состанок во пресрет на самитот на лидерите на ЕУ кој е закажан за 21 јануари, и разговараа, меѓу другото за кампањата на вакцинација во ЕУ.

Самата ЕУ се соочува со внатрешни тензии поради неефикасна координација помеѓу земјите членки во набавката на вакцините.

Шефчович истакна дека ЕУ е “главен донатор“ на коалиција Ковакс, која има за цел да им помогне на земјите со пониски приходи да добијат вакцини за своето население.

-ЕУ ќе стори сѐ за Ковакс да донесе резултати, изјави Шефчович.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР со детали за сообраќајната несреќа кај „Св.Еразмо“ во која едно лице го загуби животот, а тројца беа повредени

Редакција

Каков имот пријавил Лазо Узунчев, новиот директор на ЕСМ

Редакција

(Видео+фото) Изгоре единственото противпожарно возило во Пехчево, каде што беснее пожар

Редакција