еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Голем успех на македонскиот стрип во Ваљево Србија

На меѓународниот конкурс во рамки на стрип фестивалот во Ваљево, традиционално дел од наградите отидоа кај македонски автори, информираат од Стрип центар Македонија од Велес.

Жирито во состав Зоран Стефановиќ, управител на Центарот за уметност на стрипот, Дејан Богојевиќ, мултимедијален уметник, и Ана Новаковиќ, историчарка на уметност, едногласно одлучија , во конкуренција на стотина автори од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Уругвај и Канада, првата награда за стрипот „Приказна за безбојното мече“ да им припадне на Александар Стеванов и Катерина Николовска-Тери, обајцата по потекло од Штип.

За истиот стрип авторите само неколку месеци претходно го освоија третото место на конкурсот во рамки на Меѓународниот стрип салон во Велес.

Со награда се закити и Ѓорѓи Антевски од Куманово, за стрипот „Катарза“ нему му е врачено признанието за најдобра ликовност.

Признание за најдобар млад автор освојува Ангела Петрушевска од Скопје, за стрипот „Приказна за животот и смртта“.

Специјална пофалница за педагошка дејност е доделена на здружението Стрип центар на Македонија од Велес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворен интернационалниот повик за аплицирање на Dancelab2019

Редакција

Шилегов ќе предложи до Советот на Град Скопје да му се додели парична награда на шампионот Алили

Редакција

Отворен конкурсот за стипендии за школување во меѓународната гимназија „НОВА“

Редакција