Пратеникот на ДУИ, Арбр Адеми во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 рече дека нема да ги прифати резултатите од пописот, ако Албанците биле под 20%.
Тој како поранешен министер за образование и наука, изнесе и податоци за бројот на запишани ученици од учебната 2017/18 година.
– Дали може како министер за образование да споделам еден податок со вас – бројот на учениците за учебната година 2017/18 година е 121.272 Македонци, односно 64.22 отсто, а 60.709 Албанци, односно 32.15 отсто, рече Адеми.
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.