еМагазин
ЖИВОТ

На Попова Шапка снежна покривка од 31 сантиметар

Висината на снежната покривка утрово во седум часот изнесува 31 сантиметар во Попова Шапка, 10 во Битола, два во Маврови Анови и еден сантиметар во Лазарополе.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Во западните делови ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а само на највисоките планини од снег.

Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 9 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Езерската полиција спаси пет лица од едрилица во Охридското Езеро

Редакција

(Видео) Доктор Пановски: Бројот на заразени од Ковид-19 ќе се зголеми на 1.000 дневно, состојбата би се смирила околу Нова година

Редакција

Откријте зошто Protinol е клучна состојка против стареењето на кожата?

Редакција