Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 17 јануари покажуваат дека 82,1% од починатите од Ковид-19 во Македонија имале претходни заболувања.
“Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=2.135) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 557,0/100.000 жители.
Регистрирани се 1.718 смртни случаи кај лица од машки и 997 кај лица од женски пол.
Од починатите, кај 2.003 (82,1%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=1.568), дијабет (n=706) и белодробна болест (n=315)“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
166 лица во Македонија починале од Ковид-19 надвор од болница
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.