Одбраната на професорот по глума Мика Алексиќ, кој е осомничен за „силување“ и „недозволени сексуални дејствија“, на сослушувањето праша „дали човек кој нема простата, може да изврши силување.“
„Само ќе кажам една работа која на сите треба да им биде јасна. Од здравствени причини, на Мирослав Алексиќ пред неколку години морало да му биде отстранета простата.
Па дали човек кој нема простата, може да изврши силување,“ изјавил адвокатот Зоран Јаковљевиќ, пренесува српски Блиц.
Според психологот кој овој медиум го цитира, за силување не е неопходно да има полов однос и дека „ѕверовите“ внимателно ги бираат жртвите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мика Алексиќ ги негира кривичните дела „силување“ и „недозволени сексуални дејства“ за кои се товари
Фото: ТВ Лица/РТС
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.