На 28.01.2021 околу 20.00 часот на ул.„Балиндолска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Ф.Н.(22) од Гостивар, затоа што при преглед кај него бил пронајден хероин, соопшти МВР.
„По целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори““, информира МВР.
Истиот ден, околу 21.20 часот на ул.„Железничка“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода В.А.(39) и С.А.(23), двајцата од Гостивар, кај кои билe пронајдени кокаин и марихуана.
„Подоцна, во домот на В.А., врз основа на судска наредба, бил извршен претрес и била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.