еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Утре и задутре дожд, во среда стабилизирање на времето

Времето утре претпладне ќе биде претежно облачно, а во попладневните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд, кои пак во текот на ноќта ќе се прошират насекаде.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека на повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег.

Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, локално се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје времето утре претпладне ќе биде облачно, а попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд со умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Во понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини на северозапад од снег, но со послаб интензитет.

И во вторник ќе се задржи променливо облачно време со слаб локален дожд. Од среда ќе има стабилизирање на времето со пораст на дневните температури.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Емотивна порака на македонска докторка: „Плачам како мало дете, вие гледате бројки, ние ги гледаме лицата на тие бројки“

Редакција

Заев апелира да нема собирања по домовите за време на претстојните слави: Да не си играме со здравјето и животот

Редакција

(Фото) Претседателот Пендаровски со сопругата Елизабета блеснаа на Охридско лето

Редакција