еМагазин
Image default
Македонија

Никола Пановски за МРТ: Имајќи го предвид британскиот сој на коронавирусот, важно е вакцинирањето да почне навреме

Микробиологот и професор Никола Пановски во вестите на МРТ истакна дека доколку се вакцинираат ранливите групи и постарите, во тој случај нема потреба од вакцинирање на младите против Ковид-19, за кои тој тврди дека и сега веќе имаат стекнато природен имунитет.

Доколку се стартува со вакцинириањето како што се најавува, тој прогнозира дека до јуни би имале 300.000 вакцинирани, со што мерките би се олабавиле и од септември, децата би можеле да тргнат на училиште.

Според Пановски, вакцината најмногу штити две до три недели по втората доза.

Тој посочи дека имајќи го предвид новиот британски сој на коронавирусот, важно е вакцинирањето да почне навреме, за да се спречат 100.000 нови случаи на заразени со Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пановски за „Мета“: Ако утре стаса кинеска вакцина, прв ќе се вакцинирам

Пановски за „еМагазин“: Лесно ја поднесувам состојбата со Ковид-19, ми помагаат децата, спортот, не пијам витамини

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 5.042: Од Ковид-19 починаа 26 лица

Редакција

Валбон Лимани стана в.д. градоначалник на Гостивар

Редакција

Од Ковид-19 починаа две млади родилки, едното бебе е во критична состојба

Редакција