еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Законското решение донесено со консензус: Се овозможува влез на вакцините за Ковид-19 во земјата

Со 70  гласа „за“ Собранието денеска го донесе дополнетиот предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапка, со што се создаваат услови за увоз на вакцини за Ковид-19 во земјата.

Законот беше поддржан и од опозоциските пратеници, кои и покрај тоа изнесоа низа критики за доцнењето на вакцините во земјата.

Во дополнетиот предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапка се прецизира дека за ставање на вакцина за SАRS COV 2 во промет, покрај претходно предвидените правни лица, барањето може да го поднесе и производител на лекови со регистрирано седиште надвор од територијата на Република Северна Македонија, правен застапник на странски производител со регистрирано седиште надвор од територијата на Република Северна Македонија, подружница на странски производител со регистрирано седиште надвор од земјава и трговско претставништво на странски производител со регистрирано седиште надвор од територијата на Република Северна Македонија.

Опозициските пратеници истакнаа дека според нив многу е несериозно тоа што го направила Владата, бидејќи прво што требало да се направи е дека таа требала да ги поднесе овие измени многу порано со што ќе се овозможеше влез на овие вакцини во зејата, а не тоа да го направи група на пратеници.

Граѓаните од регионот веќе се вакцинираат, почнувајќи од Србија, која е на второ место во Европа со 430.000 вакцинирани, нагласија тие.

Опозициските пратеници за оваа состојба ги обвинуваат министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев, кои вакцините го најавиле за многу претходно, а кај нас ги нема.

Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски обвини за доцнењето на вакцините и дека власта после четири години за одредени состојби не треба да ја обвинуваат опозицијата.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се скенираат патници од Истанубл и Дубаи, од утре превентивни мерки за коноравирусот

Редакција

Грција целосно се отвара до 1 јули: Презентирани правилата за „новото секојдневие“

Редакција

Нова донација од ОКТА: Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ во Велес доби соларна централа

Редакција