еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Според „Економист“ Македонија се уште во групата на земји со „хибриден режим“

Магазинот „Економист“ во најновиот извештај за глобалниот индекс на демократија за 2020 година ја рангира Република Северна Македонија на 78-то место со скор од 5,89.

Земјата е во групата на ткн. хибридни режими.

Од државите во регионот, полошо се рангирани Црна Гора на 81-то место и БиХ на 101 место.

Албанија е на 71 место, Србија 66, Хрватска на 60 место, Бугарија 52, а најдобро позиционирана е Грција на 37 место.

Прва според глобалниот индекс на демократија е Норвешка, втор Исланд, а трета Шведска. САД е на 5-тото место, Германија 14-та, Русија е 124-та, а Кина 151-ва. Последна на листата е Северна Кореја на 167-то место.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Филипче сведок на емотивен момент: Садет ја најде Јасмина на која и помогна при автобуската несреќа кај Ласкарци

Редакција

Вработени во Собранието и дел од пратениците се тестираат за Ковид-19, поради позитивниот тест на Муцунски

Редакција

Нови 118 случаи на Ковид-19, половина се од Скопје

Редакција