еМагазин
Image default
Македонија

Македонци со српско државјанство се вакцинираат против Ковид-19 во Србија

Македонските државјани имаат голем интерес за вакцинирање во Србија и досега околу 70 граѓани од Северна Македонија, кои имаат и српско државјанство, се вакцинирани со кинеската вакцина на „Синофарм“ на пунктот во Врање, јави дописникот на МИА од Белград.

-Бидејќи не можев да ја примам вакцината во Скопје, вакцината не дојде во Македонија и бидејќи сум двоен државјанин и на Македонија и на Србија, поднесов барање до е-управата за примање на вакцината. Тие ми излегоа во пресрет и ми го испратија датумот на примање на вакцината, изјави за РТС, Зоран Симоновски од Скопје.

Јадранка Ајановиќ, директор на ДЗ во Врање, посочи дека за вакцинирање на странските државјание потребно е да бидат соодветно електронски пријавени преку е-управата, како што е протоколот за сите граѓани од Република Србија.

-Што се однесува до странските државјани, тие мора да имаат потребна документација, лична карта, односно пасош, изјави Ајановиќ.

Државниот секретар во Министерството за здравство, Мирсад Ѓерлек, изјави денеска дека во Србија можат да се вакцинираат странските државјани кои имаат престој во Србија.

На прашањето дали странските државјани можат да се вакцинираат во Србија и каква е постапката, Ѓерлек изјави дека сите странски државјани кои имаат престој во Србија, како и државјаните на Србија, можат да се пријават преку е-управа.

-Тие ќе бидат повикани, според местото на престој за да се вакцинираат во најблискиот центар за вакцинација, кажа Ѓерлек по состанокот на министерот за здравство, Златибор Лончар со директорите на Ковид болниците.

Од владината Канцеларија за ИТ наведуваат дека странските државјани можат да се вакцинираат во Србија, но дека прво мора да се регистрираат на порталот зна е-управа. Тие ќе бидат повикани на вакцинација според планот презентиран од институтот Батут.

На порталот е-управа постои можност да аплицираат странски државјани со и без престој во Србија.

До денеска во Србија се имаат вакцинирано 495.964 граѓани.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На политичарите платите им се ниски, но треба да бидат последни на листата за покачување, вели Османи

Редакција

(Видео+фото) Приведени 4 лица, запленет 1 килограм кокаин во Крушопек, детали од МВР

Редакција

Земјотрес почувствуван во Виница, епицентарот бил во делчевско-беровскиот крај

Редакција