еМагазин
Image default
Балкан

Грците нема да можат да бираат со која вакцина ќе се вакцинираат

Сите вакцини ќе се третираат како една, вели генералниот секретар на Министерството за здравство на Грција, Мариос Темистоклеус кој е надлежен за вакцинацијата, во интервјуто за грчката телевизија „Мега“, во однос на тоа дали граѓаните ќе имаат можност да одберат која вакцина да ја примат и објаснува дека и „во Грција, како и во сите земји од Европската унија граѓаните нема да одбираат вакцина“, јави дописничката на МИА од Атина.

Темистоклеус изрази надеж дека до летото ќе биде вакциниран голем дел од населението, додека пак објасни дека во вториот квартал од годинава ќе добие уште повеќе вакцини.

До крајот на март, во Грција планирано е да пристигнат 1,4 милиони дози од „Фајзер“, 240.000 од „Модерна“ и 700.000 од „АстраЗенека“.

Од почетокот на вакцинацијата на 27 декември 2020 година, заклучно со вчера попладне, во Грција биле вакцинирани 315.661 лица, од кои 261.575 примиле барем една од двете дози.

Паралелно, во Грција е регистриран и зголемен број нови случаи на Ковид-19, со 1.261 новозаразен за 24 часа, прв пат четирицифрен број по повеќе од еден месец.

Особена загриженост кај епидемиолозите предизвикува ситуацијата во Атина, каде што повторно, се регистрирани повеќе од половина од новите случаи, односно 652 новозаразени.

Националната организација за јавно здравје на Грција, вчера соопшти и за 31 нов случај на британскиот тип на Ковид-19, сите во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Иако од саботата, Атика е во црвената зона со дополнителни мерки, не е исклучена можноста, доколку продолжи зголемувањето на бројот, да се преземат додатни рестрикции.

Во Грција од почетокот на ноември минатата година во сила е полициски час и забрана за слободно движење на граѓаните и задолжително испраќање СМС пораки.

Досега, во земјата се регистрирани вкупно 158.716 случаи на Ковид-19, од кои 204 се од британскиот вид, еден од јужноафриканскиот, а почина вкупно 5.851 лице.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И француска државјанка меѓу жртвите на масакрот во белградското училиште

Редакција

Кристофер Хил: Макрон го предаде Балканот

Редакција

Ослободени тројцата косовски полицајци кои ги уапси Србија

Редакција