еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Хит“ на Фејсбук: Мицкоски го бранеше Гоце Делчев на профилот на Заев

Несекојдневна полемика имаше денеска на Фејсбук-профилот на премиерот Зоран Заев, кој со пост го одбележа денот на раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

„Денеска 4 февруари, денот на раѓањето на великанот и инспираторот на македонското национално револуционерно дело – Гоце Делчев, се сеќаваме и оддаваме почит на неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност.

Како инспиратор и двигател на македонската револуционерна организација, Гоце Делчев секогаш повикуваше на единство и сплотеност во политичките предизвици пред кои е исправена земјата од сите општествени чинители и граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или политичка припадност.

Идеалите и заложбите на овој великан се наша заедничка обврска да продолжиме да ја градиме државата како демократска и економски напредна земја, која денеска е дел од најмоќниот воено-безбедносен сојуз НАТО и земја која чекори кон членство во ЕУ“, напиша Заев.

На неговиот пост коментираше бугарскиот политичар Ангел Џамбаски со познатите ставови дека Гоце Делчев бил Бугарин, а ВМРО била бугарска организација.

На тоа не остана должен лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  којшто искоментира дека со оглед на тоа што премиерот Заев решил да не ги брани македонските интереси тој ќе одговори дека ВМРО е Македонија, а Гоце Делчев Македонец.

Овој чин поттикна лавина коментари и „расправа“ околу тоа чии се ликот и делото на македонскиот револуционер Гоце Делчeв.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 409 заболени од Ковид-19

Редакција

Загадувањето на воздухот поопасно од Ковид-19, за две години го намалува животниот век

Редакција

Максим Димитриевски обвини за притисок од полицијата, внатрешната контрола на МВР го истражува случајот

Редакција