еМагазин
Локално

Со фалсификувани 4.500 евра си купил „бмв“

Секторот за внатрешни работи Тетово до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против И.А.(45) од тетовска Шипковица и Б.Е.(48) од тетовска Долна Лешница поради основи на сомнение дека сториле кривично дело “фалсификување пари“ (член 268, став 2 од Кривичниот законик).

Пријавениот И.А се сомничи дека во септември минатата година од Б.Е. купил патничко моторно возило „бмв“ и му платил со фалсификувани 4.500 евра, а Б.Е иако знаел дека се фалсификувани банкнотите, не ги пријавил и во неколку наврати се обидел да ги пушти во промет.

МИА/Фото: Photo by Lena Balk on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Млад кавадарчанец добил убодна рана при прослава на Новогодишните празници

Редакција

Град ја погоди Крива Паланка

Редакција

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Пехчево

Редакција