еМагазин
Image default
Македонија

Случајот ,,Шпански скали” почна од почеток откако истекоа 90 дена од последното одржано рочиште

Поради истек на 90 дена од последното одржано рочиште денешното судење за предметот „Шпански скали” почна одново.

Првообвинетиот, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, на повторните воведни зборови рече дека не се чуствува виновен и дека докрај не му е јасно обвинението.

Слични изјави дадоа и другите обвинети кои меѓудругото посочија дека не им е јасно за што се обвинети.

Како застапник на обвинението во овој случај е јавната обвинителка Ивана Трајчева, а судењето го води судијата Владимир Туфегџиќ.

Во случајот „Шпански скали“, покрај ексминистерот Јанакиески, обвинети се Димитар Димовски, Билјана Дејановска-Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов.

Тие се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје, ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа четворица пациенти во штипскиот ковид центар

Редакција

36 лица во Македонија починале од Ковид-19 надвор од болница

Редакција

(Видео) Лапсус или умор: Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ на протест извика „Да живее Зоран Заев“

Редакција