еМагазин
Image default
Македонија

Кривичен суд: „Таргет-Тврдина” беше приоритетен предмет пред случајот „Шпански скали”

Враќањето на почеток на судењето за случајот „Шпански скали”, односно протокот од 90 дена од последното одржано рочиште за овој предмет се надоврзува со одлуката на колегиумот на судии на Кривичен суд Скопје, да се даде приорите на расправата на предметот во јавноста познат како „Таргет –Тврдина“ каде судијата Владимир Туфегџиќ постапува како член на совет.

– Со ваквата организациска поставеност и реализираниот интензитет на расправи, за краток период е завршена доказната постапка во предметот „Таргет-тврдина“ и насоречни се завршните зборови, а притоа доследно се испочитувани правата за судење во разумен рок на странките во двете постапки.

Во тој правец, приоритет на насрочување во иднина ќе се даде на предметот „Шпански скали“.

Воедно, на денешната расправа судот, со цел фер и правично судење како и непречен тек на постапката, ги обезбеди сите докази на Јавниот обвинител во електронска форма и заедно со образложението за истите им ги достави на странките, соопштија од судот.

Воедно, оттаму информираа дека покрај технички услови за аудио и видео снимање на расправата, на денешното судење заради целисходност на постапката, на странките им обезбеди користење на лап – топ компјутери заради поголема прегледност при изведување и презентација на доказите на јавниот обвинител.

Следната расправа за случајот „Шпански скали” e закажана да се одржи на 23 февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Случајот “Шпански скали” почна од почеток откако истекоа 90 дена од последното одржано рочиште

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Матичните лекари веќе може да препишуваат терапија за притисок, шеќер, астма, проблеми со штитната жлезда

Редакција

Палевски поправал котел на пријател ден по убиството на Вања, за претходниот рекол дека бил настинат

Редакција

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доби две нови обвинителки

Редакција