еМагазин
Image default
Бизнис

Министерство за култура раскинало договори вредни 1,147 милион евра

Министерството за култура соопшти дека во периодот од 1 септември минатата година до крајот на минатиот месец, поради нереализирани проекти и неуредна финансиска документација, раскинало договори во вкупен износ од 70.776.722 денари (1,147 милиони евра).

Од таму информираат дека сѐ додека не завршат финансиските контроли, сите исплати кон другите корисници ќе бидат замрзнати.

По внатрешната ревизија што ја извршило Министерството, наодите од него по службена должност ги испратило до Секторот за финансиска инспекција во јавниот сектор при Министерството за финансии, до Управата за финансиска полиција и до Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).

Во соопштението се наведува и дека според усвоените заклучоци од вчерашната седница на Владата, Министерството за култура нема да ги исплаќа средствата кон другите корисници до завршување на финансиските контроли.

„Сите информации ќе бидат познати по завршените контроли, за што подетално треба да се произнесат органите кои се повикани. Очекуваме Финансовата полиција и ДКСК во најбрз можен рок да постапат заради расчистување на евентуални злоупотреби“, велат од Министерството за култура.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Просечната нето-плата во април 36.134 денари

Редакција

Хотели-Метропол со загуба во првиот квартал

Редакција

БДП во првиот квартал пораснал за 2,1%

Редакција