еМагазин
Image default
Македонија

Во Велес со британскиот сој на Ковид-19 се заразиле маж и жена

Во Велес се регистрирани две лица заразени од британскиот сој на коронавирусот. Станува збир за маж и жена, и двајцата од Велес, кои се  хоспитализирани на Инфективното одделение при велешката Општа Болница, информира за МИА д-р Весна Николовска Неделкова, директор на  ЈЗУ Центар за јавно здравје.

-Станува збор за жена на 65-годишна возраст и за маж на 68-годишна возраст, и двајцата од Велес. Жената е хоспитализирана три дена, а мажот четири дена на Инфективно одделение при велешката Општа болни, информира д-р Елеонора Јованова, портпарол на ЈЗУ Општа Болница.

Инаку, во велешката Општа болница вкупно се хоспитализирани 34 пациенти, од кои 32 се потврдени позитивни и двајца пациенти со негативен брис, но се задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 13 пациенти. Испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест, информира д-р Јованова.

На Инфективно одделение има 32 пациенти, а на Интерно – Б крак двајца.

Инаку, според информацијата од Центарот за јавно здравје денес во Велес и велешко има 20 новозаразени од Ковид -19, а 25 оздравени. Активни на вирусот во моментов во Велес и велешко се 226 пациенти од кои поголемиот дел се на домашно лекување, а помал дел во велешката болница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бројот на заболени со британскиот сој на Ковид-19 во Македонија се искачи на 56

МИА/Фото: Општина Велес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осум пациенти со коронавирус со потешка клиничка слика

Редакција

Османи во Софија на конференција за ЕУ и Балканот

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во комисиите во Собранието и ќе поднесе предлог-закон за амнестија

Редакција